Бајден: Планирам повторно да се кандидирам, особено ако и Трамп се кандидира

Објавено на 23 декември, 2021 во 10:08

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека засега планира повторно да се кандидира на следните избори во 2024 година, а доколку се кандидира и неговиот претходник Доналд Трамп, тоа само ја зголемува веројатноста за негова нова кандидатура.

„Дали планирате повторно да се кандидирате?“, го праша Бајден водителот на „АБЦ Нјуз“ Дејвид Мур.

Бајден одговори потврдно.

„Но, погледнете, јас прилично ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се мешаше во животот. „Ако имам добро здравје како што сум сега, повторно ќе се кандидирам“, рече Бајден.

Водителот го праша дали тоа значи дека ќе има реванш против Трамп.

„Секако.. Зошто не би се кандидирал повторно против Трамп? Всушност, тоа би ја зголемило веројатноста да се кандидирам“.

На 78-годишна возраст, Бајден стана најстариот претседател во историјата на САД, кој положи заклетва кога ја презеде функцијата на 20 јануари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.