Безживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро

Објавено на 26 јули, 2023 во 14:06

Во водите на Охридското Езеро во близина на плажа во Струга вчера се удави 67-годишна жена од Ресен.

Од СВР Охрид соопштија дека по увидот било констатирано дека се работи за 67-годишна жена од Ресен.

-Во ОВР Струга, вчера во 15.25 часот е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро, во близина на плажа во Струга, забележано е безживотно тело. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за Ф.С.(67) од Ресен, велат од полицијата.

Доктори од Здравствениот дом – Струга констатирале смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.