Боки 13 истепан од тројца затвореници во затворот „Идризово“, префрлен е во болница
Објавено на 21 октомври, 2022 во 12:16

Бојан Бојановски – Боки 13 вчера бил нападнат од три лица во затворот „Идризово“ каде ја издржува затворската казна.
-На 20.10.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
Боки 13 за случајот „Рекет“ доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.
Извор: Локално.мк
