Денеска регистриран едноцифрен број на заболени од ковид-19

Објавено на 31 мај, 2021 во 14:42

Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 и сите во Скопје.

Регистрирани се 45 оздравени пациент од  Скопје – 24, Битола – 6, Куманово и Радовиш – по 4, Виница – 3, Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г). Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 796.157 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.