Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија

Објавено на 14 октомври, 2025 во 08:54

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од утре, среда, 15 октомври, попладне  и навечер и во деновите потоа во Македонија ќе дојде до поголема промена на временската состојба. Ќе имаме зголемена облачност на повеќе места со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од северен и од североисточен правец.

Во Скопје и околината,исто така, ќе имаме поголема промена на време со зголемена облачност, повремни врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Поради продор на поладен воздух од исток и од североисток, температурите повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу 15 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.