Џафери: Доколку во четврток не се изгласа недоверба на Владата, наредните 90 дена не може да се гласа

Објавено на 10 ноември, 2021 во 09:44

Јасни се процедурите. Во четврток мора да има епилог. Се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба, изјави синоќа спикерот Талат Џафери во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, процедурата е отпочната и појасни дека ако сега се повлече барањето за гласање на недоверба на Влада, нема право за повторно барање за гласање недоверба во наредните 90 дена.

Џафери ја закажа седницата за гласање на доверба на Влада за во четврток во 11 часот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.