Од вселената се гледа колку е загаден Пекинг!

Објавено на 16 јануари, 2013 во 12:13

Американската Национална океанска и атмосферска служба објави фотографија  која е направена со сателитот Suomi NPP, кој орбитира 824 километри над Земјата.

На неа природните облаци изгледаат бели, додека смогот и другите загадувачи ја сочинуваат сивата „прекривка“ над загадениот  регион на Кина. Пекинг е окован во густ црн смог кој смрди на јаглен. Луѓето се советувани да не излегуваат од дома. Смогот зафати 30 градови. Загадувањето е толку големо што неколку часа не бил забележан пожар во фабрика во источна Кина, поради густиот смог.

Државните медиуми известуваат за загадувањето на воздухот во 74 градови. Бројот на луѓето кои умираат од последици од загадувањето во Кина е три пати поголем од бројот на жртвите во сообраќајки – пишува Блиц. Државата забрани да работат фабриките кои најмногу загадуваат додека состојбата да се стабилизира, а планот е за следните 3 години загадувањето да се намали за 15%.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.