Бугарите на референдум за нова нуклеарка!

Објавено на 27 јануари, 2013 во 22:57

Граѓаните во Бугарија, денеска, изглегоа на референдум за изградба на нова нуклеарка но одзивот бил мал, едвај 20 отсто што значи дека резултатите од референдумот не се обврзувачки. Тоа ќе се случеше ако излезе и гласаше најмалку 60 отсто од избирачкото тело, јавува Ројтерс.

 

Ваквите резултати се должат на зголемениот притисок на десничарската влада која е против изградбата на новата нуклеарка. Политиката на премиерот Бојко Борисов одбила голем број гласачи и ја искомплицирала неговата кампања за изборите во јули.

Иницијативата за референдумот доаѓа од опозициската Социјалистичка партија како обид владата да ја смени одлуката за раскинување на договорот со Русија за изградба на втора нуклеарна централа во земјата.

Референдумот има за цел реактивирање на проектот за нуклеарната централа Белене, на северот на земјата, а последните истражувања на јавното мислење покажале дека поголемиот број граѓани ја поддржуваат изградбата на втората нуклеарка.

Референдумот се смета и за тест пред општите избори кои се закажани за јули, но и за шанса за намалување на енергетската зависност од Москва.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.