Загаден воздухот во Кавадарци, во Тетово и во Скопје
Објавено на 28 октомври, 2015 во 08:49
Висока концентрација на честичките прашина ПМ 10 покажуваат мерењата во Скопје, Тетово и Кавадарци. Овие три градови се најзагадени во моментов во државата.
Денешите измерени концентрации на мерното место Центар во Скопје покажаа висока концентрација на честичките прашина ПМ 10 кои беа 2,5 пати повисоки од максимално дозволените и изнесуваа 120 микрограми на кубен метар. Исто толку ситна прашина имаше и во Карпош, каде, пак, концентрацијата на ПМ 2.5 во 11 часот беше во црвено и изнесуваше 120 микрограми на кубен метар, наспроти максимално дозволените 25 микрограми на кубен метар.
Загадено беше и во Тетово и во Кавадарци каде беа измерени 100 микрограми на метар кубен воздух. Средно загадени се Лисиче, Гази Баба и кај Ректорат во Скопје.