Министерот Адеми тврди дека големите загадувачи не го загадувале Скопје

Објавено на 16 декември, 2013 во 13:40

Загадувањето на воздухот доаѓа од сообраќајот, домаќинствата и градежништвото, а не од големите индустриски капацитети, смета министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

По отворањето на дводневната ТАИЕХ работилница за квалитет на воздух Адеми денеска посочи дека поголемите загадувачи во Скопскиот регион како Макстил, Скопски легури и други капацитети во кругот на Железара, не работат од 28 ноември, а другите големи капацитети исполнуваат еколошки стандарди.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.