Црна Гора се подновува со возови!
Објавено: 5 јуни, 2013, во 08:44 часот
Синоќа во Подгорица стигна вториот, од вкупно трите електромоторни возови Civity од шпанскиот производител CAF кои што ги порача „Железнички превоз“ за превоз на патници во внатрешниот железнички сообраќај.
Третиот и последен воз се очекува да пристигне околу 20 јуни, со што обврските од договорот ги исполнува пред крајниот рок, 30 јуни.
Троделните електромоторни возови со резервни делови и потрошен материјал, со специјален и стандарден алат чинат 1 милиони и 50 илјади евра. „Железнички превоз“ ги купи со пари од кредитот ЕБРД за кој гаранции даде Владата на Црна Гора.
За да бидат возовите пуштени во сообраќај, како што соопштија од ЖПЦГ, потребно е да се спроведе строго дефинираната процедура, од монтажа на демонтираната опрема, технички преглед, пробно возење, обука на машиновозачите и кондуктерите, добивање на потребната дозвола, инсталација на софтвер за известување на патниците, технички прием. Се очекува целата оваа процедура да трае околу два месеца.
Проектираната максимална брзина на возовите на CAF Civity е 120 километри на час. Црна Гора последен пат воз купила во 1984 година.
