Една милијарда евра годишно добиваат македонците од роднините во странство!
Објавено: 27 јули, 2013, во 19:29 часот
Вкупните дознаки од странство се стандардно високи и изнесуваат 18-20 проценти од БДП (околу 1,6 милијарди евра)и покриваат најголем дел од трговскиот дефицит, а годинава странските директни инвестиции изнесувале околу 70 милиони евра, рече денеска гувернерот на НБМ, Димитар Богов на годишната конференција на Обединетата македонска дојаспора.
Тој појасни дека од нив на приватните трансфери опаѓаат 60 отсто, што значи дека македонските семејствата примаат околу една милијарда евра годишно како помош од своите роднини.
