Британците, од Бритиш гас, ќе добијат бесплатна струја во сабота
Објавено: 2 август, 2013, во 14:16 часот
Една од компаниите кои дистрибуираат електрична енергија во Велика Британија, Бритиш гас, ќе понуди потполно бесплатно користење на струја за потрошувачите кои ќе го концентрираат трошењето на електрична енергија за време на викендот, односно во саботите, пренесува Фактор.
Промената на тарифирањето, што Бритиш гас сака да ја воведе од 2014 година, е идентична со постоечката понуда на сестринската енергетска компанија од САД- Директ енерџи. Зад двете компании стои дистрибутерот Centrica, кој сака да ги мотивира потрошувачите да ја насочат потрошувачката во време на викендите, кога насекаде во светот потрошувачката е помала отколку во работните денови.
