Во Подградец порција пастрмка за осум евра

Објавено на 17 август, 2013 во 08:26

Осум евра чини солидна порција пастрмка во Тушемиште, првото село крај Охридското езеро од албанска страна. Селото е оддалечено само 500 метри од граничниот премин кај Свети Наум и скоро споено со Поддградец, пишува Фактор. Оние што сакаат да минат поевтино, може да порачаат и белвица. На менито се наоѓаат и специјалитети од свинско и телешко, а за десерт се препорачува познатата албанска баклава или трилече.

Цените се поевтини од оние во македонските ресторани. Скопското пиво или албанското Корча чинат по 150 леки. Исто толку чини и шопската салата. За кафе пак испиено на брегот на езерото од албанска страна се плаќа помеѓу 100 и 150 леки. Се примаат денари, евра и долари. Дури и на самите фискални сметки неретко може под цената во леки, да стои испечатена истата и во евра. За еден денар се добиваат две леки, курсот на еврото е нешто подобар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.