Во регионот, пензиите најниски во Македонија и БиХ
Од сите земји во регионот, но и во повеќе земји во Европа, просечните пензии во Македонија и Босна и Херцеговина убедливо се најниски, како и просечните плати,пишува порталот Индекс.
Според податоците на Фондот за пензиско осигурување во Македонија, просечната пензија изнесува 144 евра. Додека според заводот за статистика просечната плата во април оваа година изнесувала 20.983 денари,односно 342 евра. Што просечните примања на пензионерите во Македонија ги прави пониски за околу 200 евра од просечната плата.
Во БиХ просечната пензија во јануари 2013 изнесувала 336КМ, односно 171 евра. Според податоците на агенцијата за статистика на БиХ, просечната плата во мај изнесувала 832КМ,425 евра. Така што просечната пензија е пониска за 250 евра од просечната плата.
По БиХ следува Србија каде според податоците на Државниот фонд ПИО во Србија просечната пензија во февруари изнесувала 24.968 динари, 219 евра. Државниот завод за статистика на Србија, објави дека просечната плата во Србија исплатена во март изнесувала 41.689 динари, 367 евра. Според ова просечната пензија во Србија е за 150 евра пониска од просечната плата.
Највисоките просечни пензии ги земаат пенизонерите во Црна Гора и Хрватска, каде се движат околу 300 евра.
Според податоците на Пензискиот фонд на Црна Гора просечната пензија во земјата изнесува 278 евра. Заводот за статистика на Црна Гора објави дека просечната плата во мај изнесувала 480 евра. Според овие податоци просечната пензија во Црна Гора е пониска за околу 200 евра од просечната плата.
Највискои пензии на Балканот земаат хрватските пензионери каде според последните податоци, просечната пензија во Хрватска изнесувала 2.334 куни,310 евра. Исто така според Заводот за вработување на Хрватска, во првите три месеци оваа година просечната плата во Хрватска изнесувала 5.399 куни, 718 евра. Во оваа земја просечната пензија е пониска за околу 400 евра од просечната плата.
Во голем број европски земји просечните плати се повисоки, а со самото тоа и просечните пензии.
Франција-просечна плата 2.041 евра, просечна пензија 1.120 евра.
Шведска- просечна плата 2.281 евра, просечна пензија околу 1.350 евра.
Германија- просечна плата 2.234, просечна пензија 1.200 евра.
