Од денеска слободен увоз на пченица

Објавено на 2 септември, 2013 во 07:47

Престана да важи заштитната мерка за условен увоз на пченица.  Владата одлучи да ја укине откако оцени дека пазарот е стабилизиран и оти се надминати сите предизвици кои може да предизвикаат евентуални нарушувања.

Наскоро, до кројот на првата половина од месецов, се очекува да биде укината и мерката за условен увоз на брашно зашто и во овој сегмент пазарот е стабилизиран.

По воведувањето на мерката реагираше Србија која во Македонија годишно извезува околу 50.000 тони пченица и до 40.000 тони брашно.

Мерката беше воведена на 1 јули годинава за да се заштити домашното производство и требаше да важи до 31 декември доколку претходно не се создадат услови за нејзино укинување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.