Пораст на швајцарскиот франк
Објавено: 11 август, 2017, во 10:00 часот
Швајцарскиот франк оствари најголем еднодневен раст во однос на еврото од јануари 2015 година, кога централната банка ја укина горната граница на девизниот курс на франкот.
Трговците велат дека многу хеџ фондови ги намалиле своите влологови во евра на сметка на франкот, поради загриженост поради се поголемите тензии меѓу САД и Северна Кореја.
Од друга страна, швајцарскиот франк важи за традиционално безбеден за инвеститорите.

