Се продава фармацевтската компанија „Галеника“

Објавено: 1 септември, 2017, во 15:29 часот

Српското Министерство за економија објави јавен оглас за продажба на фармацевтската компанија „Галеника“.

Почетната цена за сите заинтересирани страни изнесува 25 милиони евра на име долг кон банки и плус едно евро како почетна цена за јавно наддавање, соопшти РТС.

Услов за учество во приватизацијата е инвеститорот да биде дел од фармацевтската индустрија со годишна заработувачка од над 300 милиони евра.

„Галеника“ е втора фармацевтска компанија по пазарен удел во Србија, а од денеска почнува со регистрација на вработените кои сакаат да ја напуштат со компензација од 400 евра за секоја година работен стаж.

Извор: МИА

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.