ЕУ: Состојбата со говедарството е алармантна!

Објавено на 18 април, 2013 во 15:53

Катастрофална е состојбата со говедско месо во Европската унија, предупредуваат од Асоцијацијата на европски фармери и од задругите кои повикаа на итна акција за санирање на ваквата состојба.

Генералниот секретар на Copa-Cogeca, Пека Песонен вели дека производството на говедско месо во Унијата веќе не е бизнис кој носи профит а кризата ја зголемуваат слабите трговски приходи.

-„Од голема важност е да се донесат политички одлуки кои ќе го заштитат производството и ќе ја сочуваат иднината на овој сектор,“ смета Песонен.

Претседателот на работната група на ЕУ за говедско месо, Пјер Чевалиер во Брисел посочи дека ситуацијата во секторот поради временските промени е алармантна притоа мислејќи на доцната зима, врнежливото време, во неколку земјите членки,  кое го отежнува снабдувањето со сточна храна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.