Честитка од Иванов до Путин!

Објавено на 9 мај, 2013 во 13:35

По повод денот на победата над фашизмот, Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов испрати  честитка до рускиот претседател Владимир Путин.

– „Убеден сум дека соработката и во иднина ќе продолжи да се развива во духот на воспоставеното пријателство и меѓусебно разбирање. Длабоко сум уверен дека во претстојниот период нè очекува уште поуспешна и поплодна соработка во сите сфери од заемен интерес, посебно во економскиот и енергетскиот сектор, културата и туризмот. Уверен сум дека со личен ангажман ќе дадеме придонес во таа насока,“напиша во честитката, Иванов.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.