Честитка од Иванов до Путин!
Објавено на 9 мај, 2013 во 13:35
По повод денот на победата над фашизмот, Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов испрати честитка до рускиот претседател Владимир Путин.
– „Убеден сум дека соработката и во иднина ќе продолжи да се развива во духот на воспоставеното пријателство и меѓусебно разбирање. Длабоко сум уверен дека во претстојниот период нè очекува уште поуспешна и поплодна соработка во сите сфери од заемен интерес, посебно во економскиот и енергетскиот сектор, културата и туризмот. Уверен сум дека со личен ангажман ќе дадеме придонес во таа насока,“напиша во честитката, Иванов.