Грчките државни службеници протестираа во Атина
Објавено на 2 август, 2013 во 13:56
Преку протест го изразија незадоволството од владините планови, овој месец, да бидат укинати 500 работни места во Министерството за култура на Грција, јавија тамошните медиуми. Намалувањето на 25 илјади работници во јавниот сектор е обврска која грчката Влада ја превзеде и треба да ја спроведе до крајот на годината.
Демонстраните пред влезот на Акропол, не ги спречија туристите да влезат во комплексот.
Друга група државни службеници одржаа протестен марш низ улиците во центарот на Атина.
Музеите ширум Грција, меѓу кои и популарниот Археолошки музеј на островот Санторини, денеска не работеа во знак на поддршка на демонстрантите.