Претставена работната верзија на новиот закон за електронски комуникации
Објавено: 6 ноември, 2013, во 13:57 часот
Министерството за информатичко општество и администрација денеска на јавна расправа ја презентира работната верзија на новиот Закон за електронски комуникации.
Како што беше нагласено со него се стимулира користењето побрз широкопојасен интернет, иновации, слобода на изразување, отворање нови работни места и натамошен развој на телекомуникацискиот пазар.
„Основата за натамошен развој во информациско комуникацискиот сектор, а со тоа и на целокупната економија во државата е развојот на следните генерации електронски комуникациски мрежи и услуги, а особено на широкопојасниот интернет“ рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
