Европратеничката Дорис Пак денеска и утре во посета на Македонија
Пак денеска заедно со министерот за образование и наука Спиро Ристовски ќе го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром, каде од оваа година се имплементира меѓународната ИБ програма.
На Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, пратеничката од Европскиот парламент напладне ќе учествува на дебата посветена на улогата на европските институции во процесот на проширување на Европската унија, што се организира во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“.
Во Собранието на Република Македонија попладне ќе има средба со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и со пратениците Христина Рунчева, Илија Димовски, Александар Спасеновски и Владимир Ѓорчев.
Европратеничката утре ќе учествува и на конференцијата „Европа помеѓу вредностите и предизвиците“ што ќе се одржи во Министерството за надворешни работи во организација на Паневропската унија на Македонија и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи.