Од Европа ништо ново, интеграциите заборавена приказна
Премиерот и надлежните министри ги прават последните обиди да испратат пораки за валоризирање на препораката на ЕК земјава да добие датум за преговори, а Брисел не најавува никакви изненадувања и сосема е извесно дека самитот кој ќе се одржи наредната недела нема да донесе датум за отпочнување преговори,јави Радио Слободна Европа.
– Ценевме дека е добро да ги презентираме нашите аргументи за тоа што го направивме во делот на реформите, изјави премиерот Груевски за средбата со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, кој пак освен покажан интерес за нашите напори во евроинтеграцискиот процес, според неофицијалните информации, само потсетил дека за позитивен исход е потребна согласност од сите земји членки на Унијата. Во Македонија како да се создава навика за вакви резултати и тоа како да станува дел од новата клима на оваа тема.
– Исходот од самиот изгледа е веќе препознатлив и се чувствува дека Република Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите. Мислам дека веќе се научивме на оваа ситуација, што не значи дека треба да се согласиме со тоа, порачува професор Беким Кадриу.
Но тоа е само еден од проблемите. Евроинтеграциите не се помрднуваат веќе со години и земјата кандидат со пет препораки за добивање датум од страна на Европската комисија со сосема видливи показатели го разнишува досега постигнатото во повеќе сегменти така што во повеќе наврати беше констатирано, порачано од европските и признато од владини претставници дека политичките критериуми се повтoрно на маса и дека демократските процеси на начин на кој што се развиваат во земјава ги зголемуваат дилемите кај одредени земји членки на Унијата…
Проблемот со името останува, Атина и пред претстојниот самит порачува дека останува на својата позиција, а шестмесечното претседавање со Унијата кое и претходи за Македонија може да значи само уште едно пролонгирање на темата. За некои функционери од Унијата сосема е извесно и дека ова ќе важи најмалку до завршувањето на мајските избори за европските институции.
Ќе се одржи ли интересот кај европските институции за Македонија по примерот на овогодинешните заложби да се регулираат внатрешните проблеми кои фрлија негативна светлина врз демократските процеси во државава или се ќе продолжи да се движи со поголемо забрзување во насока која им одговара на властите? Во таа насока се помалку егзистираат општите интереси, а се повеќе податоци за нарушени човекови права и медиумски слободи.
Текстот во целост прочитајте го тука.