Филипче: Единствен начин за да стигнеме до колективен имунитет е да ги вакцинираме и децата
Единствен начин за да стигнеме до колективен имунитет е да ги вакцинираме и децата, смета министерот за здравство, Венко Филипче.
-Во некои земји вакцинацијата на деца е задолжителна со цел тие да се вратат во училиштата, кај нас нема да биде задолжителна. Кај нас според препораките децата ќе се вакцинира со Фајзер, вели Филипче.
Министерот смета дека епидемиолошката состојба во земјава е мирна и дека нема портеба од воведување на нови рестрикции.
-На состанокот со Комисијата за заразни болети ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез, на границите, иако гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, Грција на пример, има пораст на нови случаи. Треба да се препорачаат мерки којашто навистина ќе биде ефикасни.Во овој момент ситуацијата е мирна нема многу прегледи и сметам дека нема потреба од нови мерки, рече Филипче.