Филипче смета дека нема потреба од воведување на рестрикции поради делта сојот

Објавено на 5 јули, 2021 во 09:45

Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека епидемиолошката состојба во земјава е мирна и дека летово нема потреба од воведување на рестрикции поради делта сојот.

– Ќе почекаме да видиме каков став ќе имаат членовите на Комисијата за заразни болести, но јас лично сметам дека ситуацијата е прилично мирна, нема знак дека може да има влошување. Не само по бројот на позитивни случаи туку и бројот на прегледи како и по приемите во болниците. На Инфективната  клиника не се јавуваат пацинети за преглед што значи дека нема наплив, ја следиме ситуацијата и во регионот и земјите каде летуваат нашите граѓани. Сметама дека летово не требе да се вовдеуваат никакви рестрикции како за влез и излез од земјава или забрана за настани и собири, вели Филипче во Утрински Брифинг.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.