Филипче смета дека нема потреба од воведување на рестрикции поради делта сојот
Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека епидемиолошката состојба во земјава е мирна и дека летово нема потреба од воведување на рестрикции поради делта сојот.
– Ќе почекаме да видиме каков став ќе имаат членовите на Комисијата за заразни болести, но јас лично сметам дека ситуацијата е прилично мирна, нема знак дека може да има влошување. Не само по бројот на позитивни случаи туку и бројот на прегледи како и по приемите во болниците. На Инфективната клиника не се јавуваат пацинети за преглед што значи дека нема наплив, ја следиме ситуацијата и во регионот и земјите каде летуваат нашите граѓани. Сметама дека летово не требе да се вовдеуваат никакви рестрикции како за влез и излез од земјава или забрана за настани и собири, вели Филипче во Утрински Брифинг.