Финска и Шведска официјално поднесоа барање за членство во НАТО
Финска и Шведска денеска официјално го доставија своето барање за влез во НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој го поздрави барањето на Финска и Шведска за влез во НАТО.
Апликацијата за членство во НАТО сега треба да биде одобрена од 30 земји-членки на Алијансата.
„Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака низ целиот процес и заедно ќе го поднесеме барањето утре“, рече Андерсон на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинист во Стокхолм, пренесува „Ројтерс“.
Финскиот парламент во вторникот го одобри предлогот Финска да поднесе барање за членство во НАТО, изјави претседателот на парламентот Мати Ванханен, додека шведската министерка за надворешни работи Ен Линде во вторник наутро потпиша барање за членство во НАТО.