Голем бран на обилни дождови во Македонија, можни се нови поплави
Објавено: 5 декември, 2025, во 08:30 часот
„Под влијание на голем влажен бран од југ, денес, петок, 5 декември, времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд којшто ќе бидат обилни, особено во јужните предели на Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините со над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза. Исто така, повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Во изминатите 48 часа, до 02:00 утринава, најмногу дожд наврна во Гевгелија поточно 32 литри на метар квадратен. На метеоролошката карта можете да го видите наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен и во останатите предели во Македонија.
Дума.мк


