Граѓаните со ваучерите за одмор ќе можат да летуваат во 76 угостителски објекти
Објавено на 9 јули, 2021 во 11:24
На листата каде граѓаните ќе можат да ги искористат ваучерите за одмор добиени од Владата се 76 угостителски објекти, хотели и туристички агенции ширум државата, објави Министерството за економија.
Целиот список може да го погледнете тука.
Ваучерите се наменети за лица со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не надминуваат нето-износ од 30.000 денари.