Грција ќе го модернизира граничниот премин Евзони-Богородица со 24,6 милиони евра

Објавено: 21 август, 2025, во 14:22 часот

Грција ќе вложи 24,6 милиони евра во целосна надградба на граничниот премин Евзони – Богородица, со цел да се олесни движењето на патници и возила и да се намали времето на чекање.

Проектот, кој официјално стартува на 12 август 2025 година и треба да заврши до крајот на 2027 година, предвидува подобрување на инфраструктурата, патната мрежа и условите за пасошка и царинска контрола.

Грчките власти нагласуваат дека преку Евзони годишно поминуваат околу 2,5 милиони лица, што го прави најфреквентна копнена порта за влез во земјата. Надградбата, според нив, ќе придонесе за побрзи и поефикасни процедури за македонските и странските патници, особено во летниот период кога редиците на граница знаат да траат со часови.

Паралелно, прекуграничната размена и трговијата меѓу двете земји ќе добијат дополнителен поттик, а проектот е дел од поширок план на Атина за обнова на сите главни копнени гранични премини.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.