Ќе заѕвони училишното ѕвонче на први септември – ако се влоши состојбата, има две резервни сценарија
На само еден ден пред стартот на новата учебна година наставниците и училиштата забрзано се подготвуваат за постапување по протоколите за настава со физичко присуство. Властите смируваат дека нема потреба од паника бидејќи начинот на наставата ќе може во секој момент да се смени во согласност епидемиолошката состојба.
Здравјето на учениците е приоритет, како физичкото така и менталното. Учебната година ја започнуваме со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот.
Наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи, вели министерот за здравство Венко Филипче пред почетокот на училишната година.
-Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар. Во Србија, наставниот процес ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците. Учениците ќе носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците. Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени.Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците. Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности. Апелираме родителите на децата што одат во училиште и градинка да се вакцинираат, за да го заштитат семејството од ширење на болестаж, смета министерот.