Концерт на Дуо Скупи во Дом на култура во Кавадарци

Објавено на 29 септември, 2021 во 17:40

Во Галерија при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе се оддржи концерт на Дуо Скупи, составено од уметниците Јета Старова Мехмети – флејта и Ермаљ Мехмети – виолина.

Програмата на концертот е составена од обработка на стари македонски песни и ора.

Изведувањето на концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Концертот ќе се одвива според протоколите за Ковид-19 како што се посетителите да имаат Сертификат за примена вакцина или потврда за прележан вирус до 45 дена. Бројот на присутна публика е ограничен на 30 % од предвидениот простор. 

Концертот на Дуо Скупи ќе се одржи во четврток, на 30 септември 2021 година, со почеток од 19 часот.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.