Концерт на класична музика во кавадаречкиот Дом на култура

Објавено на 29 јуни, 2021 во 13:55

„Вечер на италијанска музика“ со настап на Билјана Камчева, сопран и Ана Гацева, пијанистка ќе се одржи во галеријата на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.

Сопранот Билјана Камчева е една од најистакнатите македонски музичари од помладата генерација. Своето музичко образование го започнува во родниот град,  Кавадарци. Дипломира флејта во класата на проф. Темков  и соло пеење во класата на проф. Муратовска на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде што ,исто така, и магистрира.

Пијанистката Гацева работи како редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е и негов дипломец, најдобар  студент на генерација и магистер со признание  „cum laude“ во класата на проф. Слејанска на овој факултет на УКИМ.  Гацева, паралелно, дипломира и магистрира пијано и камерна музика на светски реномираната музичка академија „Ecole Normale Superieure de Paris Alfred Cortot“ во класите на проф. .Јаса и проф. Дебуши, кога ја добива највисоката диплома за пијано-концертист.

Концертот на сопранот Билјана Камчева и на пијанистката Ана Гацева, што ќе се одржи во Кавадарци, во среда, на 30 јуни со почеток во 19 часот, е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Со оглед на актуелната пандемија на COVID – 19, на концерот е ограничен бројот на публика во Галеријата, на 30 отсто од капацитетот. Публиката задолжитено треба да носи заштитни маски и да ги користи за седење само поставените столчиња.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.