Ковачевски на Преспа форум: Интегриран Западен Балкан е важен за обединета економски силна Европа

Објавено на 17 јуни, 2022 во 11:25
Фото: Премиерот Димитар Ковачевски на Преспа Форум

Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“ во рамки на Преспа Форумот за дијалог.

Во фокусот на обраќањето на премиерот Ковачевски беа три клучни аспекти поврзани со темата и тоа усогласувањето на националното законодавство со законодавството на Унијата, Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ и економскиот бенефит како и Интеграција на регионот во ЕУ и Единствениот пазар на Унијата.

На сесијата учествуваа и премиерите на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот Институт во Рим.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето во целина:

„Ми претставува голема чест и задоволство што сме заедно на годинешната значајна меѓународна конференција Преспа Форум за Дијалог.

Задоволството е уште поголемо што сме заедно со моите колеги од регионот, претседатели на држави, министри, амбасадори, високи претставници на Европската Унија и Соединетите Американски Држави, но и претставници од меѓународните организации.

Темата со која го започнуваме денешниот ден на Преспа Форум за дијалог: „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана“ е од голема важност, особено во денешни услови на светски превирања, што уште повеќе ја нагласува потребата од интеграцијата на земјите од Западен Балкан кои природно припаѓаат во Европа.

Во ова мое излагање, не би сакал да се навраќам на минатото, бидејќи загубено е драгоцено време, особено кога станува збор за евро-интегративниот процес на Северна Македонија. Обично дискусиите на Балканот најчесто се водат за минатото и историјата и постојат политичари кои уживаат да зборуваат за теми од минато и историја особено од соседството, а тоа се и најлесни теми за зборување, бидејќи кога зборувате на граѓаните за историјата тогаш всушност ништо и не им ветувате. Најтешко е да зборувате на граѓаните за економијата, бидејќи тогаш се ветува и тогаш граѓаните имаат очекувања за подобар животен стандард. Ќе зборувам за сегашноста и за плановите за иднината за сé она што ние како земја, во соработка со земјите од регионот и нашите стратешки партнери го реализираме со една единствена цел, економски развој и подобар стандард за граѓаните.

Ќе ставам фокус на три главни аспекти поврзани со темата:

1.    Усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата, имплементација на стандарди и на структурните реформи;

2.    Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ и нејзините бенефити;

3.    Интеграција на регионот во ЕУ и Единствениот пазар на Унијата.

 Во однос на првиот аспект сакам да нагласам дека нашата определба за членство во Европската Унија е јасна уште од независноста на државата. Ние сме земја кандидат за членство во Унијата, уште од 2005 година, пред 21 година е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Склучувањето на Спогодбата е од исклучително значење за развојот на односите помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, со што се внесе нов квалитет во меѓусебните односи и предвидуваше да се постигне асоцијација во текот на максимум 10 години, во две последователни фази. Иако оваа временска перспектива не се постигна, Спогодбата останува единствената правна рамка која ги регулира односите меѓу двете страни и која придонесува за политичката и економската стабилност на земјата, консолидација на демократијата и владеење на правото. Воспоставивме формална рамка за политички дијалог, на билатерално и регионално ниво, слободна трговска зона со ЕУ, а воедно се обезбеди економска, социјална, образовна, научна, технолошка, енергетска и културна соработка како и соработка во областа на животната средина. Спогодбата за стабилизација и асоцијација, останува на сила сè додека Република Северна Македонија не пристапи во Унијата.

Преговори, сè уште не сме почнале, и тоа секако се должи на предизвиците кои го попречија нашиот европски и интегративен пат. Но, еве нѐ денес, сè уште на истиот тој пат, бидејќи членството во ЕУ, за нас, нема алтернатива. За нас, ЕУ интеграцијата е прашање на прифатени највисоки западно-демократски вредности и посветеност за исполнување европски стандарди на работење во сите сфери на општеството и во сите институции.

 Една од обврските која произлезе од Спогодбата беше усогласување на националното законодавството со правото на ЕУ и негово спроведување, особено во првата фаза, во поглавјата од внатрешниот пазар, со посебен фокус на конкуренција, интелектуална, индустриска и трговска сопственост, јавни набавки, стандардизација, акредитација, оценка на сообразност.

Република Северна Македонија има четири позитивни последователни извештаи на Европската комисија, како и 45 проценти усогласеност на националното законодавство со законодавството на ЕУ, а во некои сегменти сме и пред или на исто рамниште со земјите кои веќе повеќе години преговараат со ЕУ.

Фото: Преспа Форум

Нашето право е усогласено во голема мера во областите од внатрешниот пазар, царинската унија, даночната регулатива, сé со цел постепено приближување кон европските стандарди, за добивање на максимални придобивки во работењето на компаниите.

Во насока на креирање на економските политики, се подготвува Програмата за економски реформи како стратешки документ во економскиот дијалог со ЕУ. Овој документ претставува подготовка за учество во процесот на економски и фискален надзор на земјите членки на ЕУ, односно за вклучување во процесот на европскиот семестар за координација на економските политики во ЕУ, а се подготвува согласно заклучоците од Заедничкиот економско-финансиски дијалог. Во рамките на механизмот за социјално-економскиот дијалог кој се фокусира на приоритетите и реформите во областа на пазарот на трудот, вработувањето, образованието и социјалната политика, се подготвува Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика која се фокусира на три приоритетни области: пазар на труд и вработување, човечки капитал и вештини и социјална инклузија и социјална заштита. Исто така, земјата подготвува Стратегија за паметна специјализација како сеопфатен модел за одржлив економски раст, заснован на капацитетите на индустријата, науката и општеството, која треба да се поврзе со постојните стратегии за конкурентност иновации и стратегијата за истражување и развој.

Северна Македонија тековно ги исполнува и обврските кои произлегуваат од Енергетската заедница и Транспортната заедница и вложува значителни напори за продлабочување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија и во сите области на животната средина со цел достигнување на целите на Зелената агенда, одржливиот развој, како и рамномерниот регионален и локален одржлив развој.

Новата методологија за проширување на ЕУ од 2020 година е уште еден и најнов обид економските критериуми да се донесат во првите редови на процесот на пристапување кон ЕУ. Со формалното интегрирање на економските критериуми во „кластерот Темели“ на преговорите за пристапување кон ЕУ, исполнувањето на Копенхашките економски критериуми е меѓу главните политички приоритети што управуваат со целокупниот процес на претстојните преговори за пристапување кон ЕУ.

Со овој пристап на „кластер Темели“ на преговорите, напредокот на земјата кандидат во однос на прашањата за исполнување на Копенхашките економски критериуми ќе биде меѓу клучните области што ќе го одредуваат целокупното темпо на преговорите. Оттука, сите наши напори во претстојниот период неминовно ќе бидат насочени кон понатамошно прилагодување на нашиот систем за економско унапредување, не само заради обврските кон ЕУ, туку пред сé заради нас самите. Сите политики ќе се креираат во партнерство со бизнис заедницата, за да се креираат најдобрите решенија, кои ќе бидат во интерес на сите.

Имаме направено многу одрекувања, сме донеле тешки одлуки за зачленување во ЕУ и НАТО, за подобра иднина на граѓаните. Членството во НАТО е постигнато. Поради една блокада, Европската Унија не ги исполнува ветувањата, иако има широка поддршка од земјите членки, за што сум навистина благодарен јас и граѓаните на државата.

Продолжуваме да работиме на европеизација на севкупниот систем во државата, европските демократски и општествени вредности ги имплементираме дома. Ние сме дел од Европското семејство и ги делиме истите вредности.

Во однос на вториот аспект: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, може да кажеме дека сега се уште појасни и поаргументирани придобивките од слободниот проток на капитал, луѓе, стоки и услуги.

Неодамна на Самитот на Отворен Балкан кој се одржа на 7 и 8 јуни, тука во Охрид, бев домаќин заедно со лидерите на регионот. Тоа јасно дава на важност дека економските придобивки и доброто за граѓаните и стопанството се приоритет, како за Северна Македонија, така и за регионот. Сите земји, од Западен Балкан се добредојдени во оваа иницијатива. „Отворен Балкан“ како и унапредувањето на регионалната соработка во рамки на Берлинскиот процес, се стремат да ни овозможат поголем економски раст што е клучен предуслов за стабилност и просперитет. „Отворен Балкан“ ни обезбеди платформа да разговараме меѓу себе, да се договориме за заеднички проекти и средства за дејствување за подобрување на нашата заедничка иднина. Потенцијалите за економски заживување на регионот се неопходни, а тоа е и предуслов за понатамошна подготовка за идна интеграција во заедничкиот внатрешен пазар на ЕУ.  Ова е одлична иницијатива, но не може да биде алтернатива на ЕУ.

„Отворен Балкан“ значи подобрување на  конкурентноста, нови инвестиции, инфраструктурно поврзување, поголем пазар, мобилност и развој на бизнисите во регионот. Тоа значи и подобар стандард и квалитет на живот на сите наши граѓани од целиот Балкан. Со „Отворен Балкан“ ние не сме пазар со 2, туку сме пазар со повеќе милиони жители, а тоа значи потенцијал на регионот за повеќе инвестиции и економски бенефит.

Токму регионалното здружување верувам дека нé води побрзо кон третиот аспект кој го кажав на почетокот на моето обраќање, а тоа е Интеграција на регионот во ЕУ и Единствениот пазар на Унијата.

Фактот дека сите наши економии се најдиректно зависни и поврзани си Европската Унија најдобро зборува за важноста на пазарот и зајакнувањето на економските врски со ЕУ како за секоја земја поединечно, така и за регионот во целина. ЕУ е најважниот економски партнер, 80% од нашата надворешна трговска размена е со земјите членки на Унијата, 80% од стратешките странските инвестиции исто така се од земји членки на ЕУ кој процент заедно со Велика Британија е над 90%.

За нашата земја, за деловната заедница интеграцијата на регионот со ЕУ, односно во единствениот пазар е од голема важност. Пред две години на Самитот во Софија во рамки на Берлинскиот процес, се потпиша Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ како и Декларацијата за зелената агенда.

Неопходно е интензивно ефектуирање и забрзување на сите процеси особено од аспект што живееме во услови на најголемата светска криза, период на пост-пандемија и воена агресија врз Украина, која направи тектонски поместувања и поделеност на светот.

Неопходно е да работиме во интерес на граѓаните, на стопанството, на развој на регионот, сé со цел економски напредок.

После 65 години од потпишувањето на Римскиот договор на кој се темели денешната Европска Унија, повеќе од јасна е неопходноста за зголемување на единството во Унијата, за реализација на ветеното, за обединета, единствена и економски силна Европска Унија, со целосно интегриран Западен Балкан.“

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด