Кумановци од општината добија бесплатен јавен градски превоз

Објавено на 28 декември, 2022 во 10:40

Советот на општина Куманово, на последната седница, го прифати предлогот на градоначалникот Максим Димитриевски и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.

„Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби“, потенцира градоначалникот Димитриевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.