Македонец се обидел да шверцува 3590 таблети трамадол преку граничен премин Табановце

Објавено на 19 февруари, 2024 во 10:51

Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце, соопштија од Царинска управа

-Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола. Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавки на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња Дорета коишто содржат 75 мг Трамадол хидрохлорид, додаваат од Царинска управа.

Случајот инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска.

Против патникот, инаку македонски државјанин е поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.