Одлични и вкусни торти приготвени од лицата со инвалидитет

Објавено на 26 ноември, 2012 во 11:46

Со организација на здружението на лица со телесен инвалидитет,, Мобилност,, од Струмица во Бања Банско се одржа традиционалната тортијада.

Манифестацијата годинава го имаше своето јубилејно петнаесето издание, а на истата учество зедоа околу триесетина учесници од  13 здруженија од Македонија кои подготвија исто толку торти, различни по вкус и форма, но со една заедничка порака дека и тие знаат и можат како и сите други во општеството.

Паралелно со јубилејната петнаесета тортијада, во Бања Банско беше одржано и осумнаесетото издание на музичките средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. И на овој натпревар традиционално учество зедоа голем број учесници од повеќе здрженија од земјата, членки на националниот сојуз кој брои околу 6000 лица со различен телесен инавалидитет. Годинава освен од Македонија на двете манифестации учествуваа и гости од соседните Србија и Бугарија.

Веќе традиционално, на манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, кој на сите присутни им посака добредојде од името на градот и општината домакин, притоа зблагодарувајки им се на сите што и понатаму остануваат верни на традицијата овие манифестации да се одржуваат токму во Бања Банско.

Според него тоа претставува израз на чест од страна на националниот сојуз кон Струмица. Посакувајки им многу здравје, среќа и успеси на сите полиња на сите членови на здруженијата од цела Македонија тој изрази надеж дека Струмица и во иднина ќе ја има можноста но и честа да биде домакин, но и помагател на ваквите манифестации, објави www.jugoinfo.mk.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.