Сончево со умерена облачност!

Објавено на 27 ноември, 2012 во 09:49

Уште неделава топло  време а веќе од наредната недела , според синоптичарите,  не очекува постудено време со врнежи од дожд и снег.

Температурата во утринските часови ќе падне под нулата додека максималните дневни ќе се движат до петтиот  степен.

Од четврток се очекуваат врнежи со засилен јужен ветер.

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Претпладне по котлините и речните долини ќе има појава на магла.

Температурата ќе се движи од 9 до 16 степени.

Во Скопје температура до 10 степени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.