Сообраќајот се одвива тековно и без забрани, внимателно возете на повисоките места!

Објавено на 26 декември, 2012 во 10:16

Претежно по суви и чисти коловози се одвива сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата.

Наместа влажни коловози има само на повисоките планински и осојничави места.

Од АМСМ апелираат внимателнои да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.

На магистралниот пат М-1 – делница Катланово – Велес сообраќајот од две коловозни ленти ќе се пренасочи во една. Периодично сообраќајот ќе се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември е на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.