Облачно со врнежи од дожд и снег!
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а во западните делови од дожд и снег.
Попладне од север ќе има продор на постуден воздух и врнежите на повеќето места ќе поминуваат во снег.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, попладне постепено ќе го промени правецот во северен.
Температурата ќе се движи од 1 до 6 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи најпрво од дожд и снег кои кон крајот на денот и во ноќта ќе преминат во снег. Утринската температура ќе се спушти до 1 степен, а дневната ќе се искачи до 4 степени Целзиусови.
Во сабота во текот на денот врнежите ќе престанат но, ќе дува северен ветар.
Температурата на повеќе места ќе се задржи под нула степени што ќе предизвика и појава на голомразица.