Облачно со слаб ветар!
Објавено: 27 јануари, 2013, во 08:52 часот
Денеска времето ќе биде променливо облачно.
Ќе дува слаб доумерен ветар. Во попладневните часови ќе се намали облачноста.
Температурата ќе се движи од 0 до 5 степени Целзиусови.
Утрово,во Маврово е измерена најниска температура од – 9 степени Целзиусови.
Според Управата за хидрометеоролошки работи – 7 се измерени во Лазарополе, – 5 во Берово, – 4 во Прилеп, Крива Паланка, Тетово и Дебар, – 3 во Скопје, Виница и Штип, – 2 во Охрид, Битола, Демир Капија и Струмица, – 1 во Претор и 0 во Гевгелија.


