Викенд прогноза: Снег и пониски температури!
Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно со слабо провејување на снег, а во вечерните часови ќе има можност за врнежи од снег. Ќе дува југоисточен ветер. Утринската температура од -1°C, а максималната дневна ќе достигне до 5°C.
Во недела во раните утрински часови врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен променлив ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -6°C до 0°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 8°C.
Во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла и умерен мраз поради ниските утрнински температури кои ќе се движат од -11°C до -4°C. Во текот на денот ке биде претежно сончево. Ќе дува умерен ветер со променлив правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 2°C до 9°C.
Извор: Weather4all
