Можни одрони по клисурите!

Објавено на 12 февруари, 2013 во 08:03

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.

 

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по претежно суви коловози на повеќето патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.