Сончево и топло!
Објавено на 20 март, 2013 во 08:11
Времето во Македонија денеска ке биде сончево и потопло со умерена облачност.
Во југозападните делови ке има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 1 до 3, а дневната од 13 до 19 степени Целзиусови
Во Скопје времето ќе биде слично, сончево и потопло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе се искачи до 18 степени Целзиусови./А.Ј