Топло со летни температури!
Објавено на 30 април, 2013 во 07:10
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, која ќе биде најприсутна во крајните источни и западни делови од земјава.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 32 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.