Ад хок комисијата денеска почнува со работа!

Објавено на 15 јуни, 2013 во 08:59

На првата работна средба ќe го донесе деловникот за работа. Од претседателот на комисијата, професор Борче Давитковски, членови од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се Илија Димовски и Благородна Дулиќ и членови од СДСМ , универзитетските професори Рената Тренеска – Дескоска и Љубомир Фрчкоски се очекува да ги расветлат настаните од 24 декември во Собранието.

Заклучоците од комисијата ќе бидат доставени до политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Според претседателот на комисијата Давитковски, „тие се паметни луѓе“ и ќе ја разберат препораката што да преземат за да се надмине ситуацијата.

Пред формирањето на комисијата, политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги кршеа копјата околу начинот на одлучување на ова тело. ВМРО-ДПМНЕ бараше консензуално одлучување, а СДСМ со просто мнозинство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.