Македонија мора уште да чека!

Објавено на 26 јуни, 2013 во 08:16

Отсуството на Македонија од дневниот ред на Европскиот совет за ДВ ја коментираат претставници на германската политика, според кои се бара решение на името, а се очекува придвижување и на Грција, пренесе Дојче Веле.

Во изминатите месеци повеќемина македонски политичари престојуваа во Берлин, каде кај своите германски колеги лобираа земјата конечно во јуни да добие датум за старт на пристапните преговори. Дел од германските соговорници беа оптимистички расположени, дел манифестираа воздржаност – до песимизам.

Експертите, пак, предупредуваа дека Македонија нема вистинска потпора во ниту една земја членка на Унијата и немаа позитивни очекувања од јуни.

Сега е извесно – Македонија не стаса ниту на дневниот ред на Европскиот совет. На прашањето зошто е така одговараат неколкумина претставници на германската политика:

– Решето го името! Последниве години ги следиме реформите и се’ она што се случува во земјата. Македонија е секако значајна за безбедноста на Европа и Западниот Балкан. Од овој аспект, сигурно дека членството во Европската Унија е значајно. Затоа ве молам, решето го името! – рече Емили Хабер, државен секретар во германското сојузно министерство за надворешни работи.
Сакаме да помогнеме Македонија да стане дел од Унијата, но ЕУ има услови кои треба да се почитуаат, Родерик Кизеветер, пратеник во Бундестагот (ЦДУ-ЦСУ) кој се надева дека Македонија ќе има сила да го направи потребниот исчекор.

– Доколку внатрешно-политичкиот развој е спротивен на тие услови мора да се почека. Германија има големо стратегиско трпение и е подготвена да и помогне на Македонија. Но, не може да се помогне само однадвор. Општствените сили, државата, парламентот, опозицијата, партиите од власта, невладините организации треба да размислат и одлучат дали сакаат да го надминат стратегискиот ќорсокак во кој се наоѓаат или сакаат да прокоцкаат уште низа години. Прашањето значи е: дали се работи за да се добие време и да се направи брз скок кон ЕУ или се оди кон внатрешно-политичка парализа? Одговорот на ова го има македонскиот народ, или поточно – политички одговорните кои треба самите да решат што сакаат – изјави Родерик.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.