Затвор за обвинетите во немирите на Бит Пазар!

Објавено на 5 јули, 2013 во 09:50

14 обвинети во процесот за немирите на Бит пазар кои беа зимава, заработија затворска казна од вкупно 12 години.

Согласно судската пресуда, петмина од нив добија затвориски казни од по 8 месеци, еден 5 месеци, четворица по шест месеци условно,еден десет месеци условни, еден три месеци затвор, а највисока казна од една година доби обвинетиот кој е во бегство.

 

За тројца од обвинетите судот го повлече обвиниението поради недостиг на докази. Кривичното дело за кое се гонеа е учество во толпа што ќе стори кривично дело. Штетата беше проценета на 9 милиони денари,а тука се вклучени запалениот автобус, нападот врз Хелсиншкиот комитет и друга штета врз јавното добро направена за време на немирите.

Немирите на Битпазар се случија на 2 Фебруари година кога група Албанци најпрво започнаа мирен протест пред Владата, кој потоа ескалираше во речиси целодневни немири и судири со полицијата.  По протестите на младите македонци против назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана следеа и протести на младите албанци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.